full screen background image
Search

Нов Mini модел со пет врати

Поради побарувачката за нов попрактичен автомобил, Mini ќе понуди модел со пет врати, кој ќе изгледа идентично со моделот со три врати.

Покрај шпекулацијата дека новиот Mini ќе користи ‘suicide’ врати како кај Clubman, овој модел ќе има стандардни задни врати. Инженерите на BMW успеале да ги вметнат во автомобилот долг 4 метри со незначајно зголемување на меѓуоскиното растојание, но сепак и со овие преправки задните врати завршуваат кај столбот C.

Иако пристапот позади ќе биде тежок за возрасни, основната цел на задните врати ќе биде да овозможат лесен приод за деца. Намалените предни врати исто така ќе им овозможат на возачот и совозачот полесно излегување и влегување во тесни простори.

Повеќето модели, вклучувајќи ги и Cooper верзиите, ќе бидат придвижувани од новиот три-цилиндричен бензински мотор на BMW со турбополнач, кој е со многу подобрена автономија на возење и емисија на издувни гасови. Cooper S и JCW верзиите се очекува да го добијат досегашниот 1.6 литарски мотор но во засилено издание.

Извор: Autocar.co.uk



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.