Aston Martin DBS by DMC – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Aston Martin DBS by DMC

Ретко имаме можност да видиме стајлинг пакет за Aston Martin, а сега дури имаме позлатена верзија!

Aston Martin претставува еден од најпосакуваните автомобили денес, а доколку “обичен” Aston Martin DBS ви е премалку, ви ја претставуваме неговата позлатена верзија!

Стајлинг пакетот вклучува нов преден браник со поголеми отвори за воздух и преден спојлер нормално од карбонски влакна и детали од злато! Назад пак се истакнуваат новиот браник и спојлер, а и тука има златни детали. Повеќе детали од злато се наоѓаат околу прозорите, како и кај 21-ичните бандажи. За да се истакне спортистот во овој автомобил, тој е спуштен за 30 мм.



Во своите најлуди соништа Димитар вози Ford Fiesta ST, а во реалноста ја обожава својата "нормална" Fiesta. Среќен што е дел од CARclub.