Mercedes CLS 63 AMG by GSC – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Mercedes CLS 63 AMG by GSC

Доколку 518 КС не ви се доволни, Германската тјунинг куќа GSC ( German Special Customs) е тука! CLS 63 AMG со неверојатни 740 КС!

Иако AMG дивизијата на Mercedes секогаш успева да ги “дотера” и направи помоќни моделите на Mercedes, секогаш постои желбата за се повеќе и повеќе коњски сили под хаубата!

Се започнува со усовршување на веќе одличниот 5.5 литарскиот V8 мотор кој сега има поголемо турбо, нов модифициран издувен систем и нов софтвер. Сите овие компоненти заедно доведуваат до бројка од 740 КС од поранешните 518 КС! Вртежниот момент од 700 Nm сега е 1,150 Nm! Забрзувањето од 0 до 100 км/ч трае само 3,7 секунди, а максималната брзина е ограничена на 350 км/ч.

Екстериерот исто така претрпе промени. Најпрвин го забележуваме новиот боди кит и поголемите отвори за воздух напред, праговите на вратите, задниот спојлер и секако црната мат фолија на задниот дел од автомобилот. Секако 20-инчните бандажи се тука за да потсетат дека не се работи за еден голем седан, туку за голем спортист!



Во своите најлуди соништа Димитар вози Ford Fiesta ST, а во реалноста ја обожава својата "нормална" Fiesta. Среќен што е дел од CARclub.