Нов луксузен Volkswagen – Caravelle Business – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Нов луксузен Volkswagen – Caravelle Business

За оние кои бараат повеќе, многу повеќе VW најде решение! Бизнисмените можат својата канцеларија слободно да ја преселат во Caravelle Business!

Најпрво да кажеме дека оваа верзија на Caravelle ќе биде достапна со 2.0 литарскиот би-турбо TDI моторот со 180 КС но и верзијата 4Motion е исто така достапна. Сосема доволно за да се придвижи една канцеларија!

Да видиме сега што го прави овој модел толку луксузен и уникатен! Дефинитивно тоа е луксузно уредената внатрешност за шест лица и опремата која ја има на претек. Во Caravelle Business нема да се чувствувате како во кола туку подобро и од дома! Меѓу другото внатре ќе ве пречекаат седишта обложени со Nappa кожа, Wi-Fi, Bluetooth, навигација со 6,5 инчен екран и 30 GB меморија, мултифункционален волан, “Lane Change Assist” – системот за безбедност. Темпоматот, затемнетите стакла и другите “ситници” не се ни вредни да се споменат при останатиот дел од опремата.

Од надвор нема големи промени. Всушност црната боја, LED светлата напред и затемнетите задни светла заедно со 17-ични бандажи го прават Caravelle погоден за бизнисмените!

Цената на овој “рај” за бизнисмените изнесува 53.856 фунти за верзијата со преден погон додека 4Motion верзијата чини околу 56.069 фунти.



Во своите најлуди соништа Димитар вози Ford Fiesta ST, а во реалноста ја обожава својата "нормална" Fiesta. Среќен што е дел од CARclub.