Денес на дневен ред дојде и едно интересно видео кое ги прикажува генерациските разлики на Audi A3.
Audi A3 одсекогаш бил еден од групата на впечатливи градски автомобили. Сега кога е веќе претставена и новата, 3-та генерација на A3 интересно е да ги видиме сите 3 генерации заедно.
Малку историја: Првата генерација на A3 беше претставена во 1996 година и остана во производство се до 2003-та кога на сцена дојде втората генерација (Mk.2). Новата 3-та генерација на A3 беше претставена оваа година на саемот во Женева во Март.