Следната генерација на BMW Z4 ќе биде поспортска – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Следната генерација на BMW Z4 ќе биде поспортска

BMW Z4 секогаш бил атрактивен автомобил, но не успеа да ги освои срцата на вистинските ентузијасти.

Тоа наскоро ќе се промени,бидејќи следниот генерациски модел ќе биде со поспортски карактери. Но покрај спортските претензии, инженерите и дизајнерите од BMW не сакаат да направат големи промени во филозофијата на автомобилот и да ги изгубат фановите на сегашниот модел. Што се однесува до стајлингот, автомобилот ќе биде со пократка хауба и поконзервативен дизајн, со цел да изгледа убаво и по 15 години.

Палетата на мотори сеуште не е позната, но изворите претпоставуваат дека моделот ќе биде понуден со повеќе верзии на четири-цилиндрични погонски единици. Линискиот шест-цилиндричен мотор нема да биде во понуда со цел автомобилот да има подобра распределба на масата.

Доколку се оди по планот, следната генерација на Z4 би можела да биде лансирана на пазарот во текот на 2015.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.