BMW M5 by 3D Design – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

BMW M5 by 3D Design

Јапонскиот тјунер 3D Design претстави нов аеро пакет за новиот BMW M5 (F10).

Накратко, 3D Design aero пакетот, кој е направен од јаглеродни влакна, содржи преден спојлер, прагови, заден дифузер, спојлер на багажникот, заден кровен спојлер и црни “бубрези”.

Покрај визуелните додатоци, во понудата се и нов спортски издувен систем од не’рѓосувачки челик, подобрено подвозје, сет нови тркала, како и додатоци во ентериерот: нови патосници и педали.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.