Новата TomTom апликација за iPhone открива радари на патот – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Новата TomTom апликација за iPhone открива радари на патот

TomTom на европскиот пазар понуди нова апликација за iPhone која ги известува и предупредува возачите кога се приближуваат до камери кои регистрираат надминување на брзината.

Апликацијата ги известува возачите за локацијата и оддалеченоста на возилото од камерата кон која се приближува, како и ограничувањето на брзината на тој дел од патот.

Во TomTom веруваат дека нивниот нов производ ќе придонесе за зголемување на општата безбедност во сообраќајот во земјите каде што оваа апликација ќе може да се набави. Поточно, тие сметаат дека така возачот ќе биде повеќе фокусиран на возењето и патот околу себе, кога нема да размислува за тоа каде се наоѓаат камерите кои регистрираат надминување на брзината.

Новата TomTom апликација за сега е достапна на корисниците во Австрија, Белгија, Велика Британија, Германија, Ирска, Италија, Холандија, Луксембург, Португалија, Полска, Норвешка, Шпанија, Шведска и Финска.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.