Доколку не сте голем фан на BMW и сакате да ве возат по Nürburgring во нешто поразлично од BMW M5, Jaguar го претстави своето Ring-Taxi, Jaguar XJ.
Првото Ring-Taxi со потекло од Британската марка е базирано на најновата верзија на XJ Supersport опремена со Sport и Speed Pack опции. Силата доаѓа од 5.0-литарски V8 мотор со компресор, кој испорачува 503 коњски сили и овозможува максимална брзина од 280 километри на час.
Jaguar-овиот Ring-Taxi е обоен во специфична мат сива боја. Поради безбедносни причини, во внатрешноста, стандардните луксузни кожни седишта се заменети со четири тркачки седишта, опремени со појаси во четири точки, а поставен е и сигурносен кафез за заштита при превртување.