Infiniti LE concept – Официјално од саемот во Њу Јорк – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Infiniti LE concept – Официјално од саемот во Њу Јорк

Infiniti LE Concept ја имаше својата премиера на овогодинашниот саем во New York и е чист, електричен, фамилијарен седан со четири врати, механички поврзан со Nissan Leaf.

Дизајниран за да се прикаже производниот модел кој ќе биде лансиран во рок од две години, овој концепт има елегантен стил кој му овозможува да има низок коефеициент на отпор од 0.25. За да се добие оваа импресивна цифра, дизајнерите му дадоа на овој модел уникатна решетка, брановидни линии и аеродинамични 19-инчни тркала со низок отпор на тркалање.

Мотивацијата ја добива од 24 kWh литиум-јонски батерии кои го напојуваат електричниот мотор кој произведува 134 коњски сили и 325 Nm вртежен момент. Тој му овозможува на овој модел исклучително забрзување и автономија од 160 километри во просек. Кога батеријата е потрошена, може да се наполни преку интегриран порт за полнење, брз полнач или безжичен систем на полнење.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.