„Протече“ и новиот Mercedes Benz A-Klasse – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

„Протече“ и новиот Mercedes Benz A-Klasse

Сеуште не знаеме многу за новата А-класа на Mercedes Benz, но судејќи по првите слики кои тукушто „протекоа“, новиот „бејби“ Mercedes ветува навистина спортски карактер!

Освен неколкуте фотографии кои сеуште ни Mercedes Benz официјално ги нема објавено, немаме никакви други информации за новата А класа, но фотографиите ветуваат многу. Новиот Бејби-Бенз изгледа одлично – спортски и агресивен, како што му прилега!

Веќе е повеќе од сигурно дека во него ќе се нудат моторите кои добро ги познаваме од Б-класата (која веќе ја тестиравме), но не би очекувале ништо друго освен најдобрите материјали и одлични возни својства. Ќе мораме да почекаме уште малку до официјалната презентација која треба да се случи деновиве во Женева!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.