Hamman Hawk Roadster – Mercedes SLS во ново руво! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Hamman Hawk Roadster – Mercedes SLS во ново руво!

Тјунерската куќа Hamman подготвува своја верзија на Mercedes SLS Roadster за Женева – Hamman Hawk Roadster нуди повеќе моќност и уникатен стил!

Можеби не е по сечиј вкус, но морате да признаете дека Hamman Hawk Roadster привлекува внимание – и токму тоа е целта на луѓето од Hamman. Hawk Roadster доаѓа со уникатен спортски боди-кит кој му дава поагресивн лик на веќе агресивниот Mercedes SLS, но и со доработки на моторот кои му помагаат да ослободи повеќе сила. Hawk може да се пофали со 630 коњски сили, што е значително повеќе од стандардните 570.

Соодветно на тоа, забрзувањето до 100 километри на час трае само 3.6 секунди, а ќе забрзува се до 320 километри на час!

Преработена е и суспензијата, која би требало на Hamman Hawk Roadster да му донесе поголема стабилност, а се нудат и (навистина) големи тркала. 9Јх21 напред со гуми во димензии 245/30-21 и 12.5Јх21 назад со гуми во димензии 345/25-21. Гооолеми тркала!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.