Hyundai i-oniq подготвен за Женева! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Hyundai i-oniq подготвен за Женева!

И Hyundai има концепт подготвен за Женева, а таму своите крилја ќе ги распне Hyundai i-oniq.

Неколкуте слики кои ги гледаме ни го претставуваат i-oniq. Моделот ќе биде придвижуван од мал 1-литарски 3-цилиндерски мотор со 109 коњски сили кој преку генератор е поврзан до електромотор. Моделот изгледа интересно со врати кои се отвораат вертикало како кај Lamborghini и интересен дизајн.

Според Hyundai, i-oniq е предвесник на новите технологии кои ги развива Hyundai, особено кај погоните и поврзливоста на автомобилите. Автомобилот има досег од импресивни 700 километри кога и моторот со внатрешно согорување работи, а доколку работи само на батерии, тогаш досегот е 120 километри, а емисијата на штетни гасови е само 45 грама CO2 на изминат километар.

Ќе дознаеме повеќе во Женева оваа недела!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.