Претставен SEAT Mii со пет врати! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Претставен SEAT Mii со пет врати!

Својата 5-вратна премиера ја доживеа и Шпанскиот братучед во up! фамилијата!

up! фамилијата на Volkswagen постојано се шири – денес ја гледаме премиерата на попрактичната верзија на Шпанскиот братучед – Mii со пет врати. Како и кај другите варијанти со пет врати, димензиите и моторите остануваат исти. Колку за потсетување, Mii со три врати е долг само 3.56 метри, а Volkswagen up! веќе доби одлични оцени на тестовите за безбедност, a почна да се закитува и со награди.

Др. Матиас Рабе, одговорниот за развој во Seat изјави дека новиот Mii со пет врати го има спортскиот и динамичен карактер кој веќе го видовме, но со значително зголемување на практичноста.

Mii со пет врати ќе го има и официјалното деби на авто-салонот во Женева, а ќе го придвижуваат веќе познатите три-цилиндрични мотори со зафатнина од 1-литар и моќност од 60 и 75 коњски сили. Моторите трошат 4.1 и 4.2 литри на 100 изминати километри, а испуштааат само 96, односно 98 грама CO2 на изминат километар, соодветно.

За поздрав е одлуката во малите градски возилца да се нуди многу технологија, како на пример Старт-Стоп систем, панорамски стаклен покрив, како и City Safety Assist системот кој работи до брзини од 30 километри на час, и автоматски прикочува доколку е потребно – технологија која не сме навикнати да ја гледаме во возила од оваа категорија.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.