Dacia Lodgy Glace и Алан Прост – победничка комбинација! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Dacia Lodgy Glace и Алан Прост – победничка комбинација!

Во многу интересна и неизвесна завршница, легендарниот Алан Прост со својата Dacia Lodgy Glace го освои трофејот во релито Andros!

Веќе напоменавме дека годинашнава завршница на „леденото“ рели Андрос ќе биде многу напната, особено поради тоа што дури тројца возачи имаа еднакви шанси да го освојат трофејот. Временските услови повторно не беа наклонети кон возачите, бидејќи како што знаеме, главната одлика на релито Андрос е возењето по мраз, но за жал и овојпат, како и на минатата трка, асфалтот доминираше како нагазна површина.

Но, како и да е, во многу тесна и напната битка, инаетливиот французин успеа со својата Dacia да се избори за една исклучително значајна победа. Навистина треба да се заборават предрасудите и да се симне капа на производителот од Питешти, Романија, за целиот труд кој го вложуваат во своите автомобили.

Моноволуменецот кој е искористен како основа за автомобилот кој го освои релито Андрос – Dacia Lodgy, сеуште не е ни официјално претставен во јавноста. Премиерата ќе се случи на Салонот за автомобили во Женева, во март, а веруваме дека освоениот трофеј на „замрзнатиот“ рели шампионат, дополнително ќе помогне во промоцијата и продажбата на новиот каросериски модел на компанијата од Романија.

Конечно рангирање на Trophée Andros 2011/2012:

  • 1. Алан Прост (Dacia Lodgy Glace) – 823 п.
  • 2. Бенџамин Ривие (Skoda Fabia) – 818 п.
  • 3. Жан-Филип Деро (Mini Countryman) – 817 п.
  • 4. Оливие Пани (Skoda Fabia) – 784 п.
  • 5. Ивен Стивенар (Dacia Lodgy Glace) – 764 п.
  • 6. Франк Лагорс (Skoda Fabia) – 763 п.
  • 7. Жан-Батист Дубур (Renault Clio) – 760 п.
  • 8. Пјер Лорах (Renault Clio III) – 746 п.
  • 9. Бертран Бала (Mini Countryman) – 743 п.
  • 10. Николас Прост (Dacia Lodgy Glace) – 725 п.

Честитки за успешната сезона и освоениот трофеј!



Ако не го вози својот Lancer низ Скопје, тогаш побарајте го надвор од него... Голема е веројатноста да го сретнете Кристијан со неговиот далеку-источен миленик, како ужива во возењето!