Mercedes-Benz Citan – Градски Титан! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Mercedes-Benz Citan – Градски Титан!

Според Mercedes-Benz, годишно се продаваат до 700.000 мали градски транспортни возила. Со оглед на таа бројка, тие решиле да се замешаат во пазарот!

Mercedes-Benz Citan – комбинација од City и Titan е моделот кој тие ќе го фрлат во рингот на оваа категорија. Развиен за да ги задоволи потребите на купувачите, Citan би требало да го видиме во својата конечна верзија на овогодинешниот саем на комерцијални возила во Хановер, овој Септември.

Малиот транспортер ќе се нуди во повеќе верзии и заради тоа ќе биде соодветен за различни употреби. Ќе се нуди во различни големини и со различна носивост, а целта е да се задоволат потребите на купувачите кои транспортираат добра во градските средини – тоа го најавува и името на  возилото. Секако, од Mercedes ги нагласуваат карактеристиките кои ги следат сите нивни модели – доверливост, имиџ, квалитет, гаранција и услуга кон купувачите.

Секако, од Mercedes-Benz ја нагласуваат и економичноста и еколошката прифатливост, па највуваат и навистина одлична економичност како и мало загадување од Citan. Судејќи според новите дизел агрегати кои веќе се вградуваат во моделите на Mercedes, а со кои ние веќе сме се дружеле, можеме да веруваме на овие изјави. Во најава е и електрична верзија.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.