Утринска Гимнастика: Panamera S vs M5 vs E63 AMG vs XFR – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Утринска Гимнастика: Panamera S vs M5 vs E63 AMG vs XFR

Како најдобро да го започнеме викендот? Па со трка помеѓу 4 возила кои заедно имаат ситно под 2000 коњски сили, секако!

OK, ќе признаам – понекогаш сум навистина љубоморен на колегите од странските автомобилски медиуми и нивиот пристап до возила за кои што јас само можам да сонувам. Дечките ќе имаат некоја идеја, и после само неколку телефонски повици ја остваруваат. Што направиле овој пат? Колегите од EVO Magazine од Велика Британија решиле да направат драг-трка помеѓу четири супер-седани за да видат кој ќе биде најбрз. Затоа што можат да го направат тоа.

Кои се кандидатите?

Започнуваме со Porsche Panamera S. Иако не е седан во класична смисла, сепак решиле да ја вклучат во споредбата. Нејзините 400 коњски сили, 500 Nm и забрзување до 100  километри на час за 5.2 секунди веќе ветуваат многу. Цената? Само 95.000 евра!

Следниот кандидат е новиот BMW M5. Врискачкиот V10 од минатата генерација е заменет со помал (4.4 vs 5 литри зафатнина) V8 мотор, но со два турбополначи кои „нежно“ ја зголемуваат моќноста од 500 на 560 коњски сили a вртежниот момент на 670 Nm. Забрзува до 100 километри на час за 4.4 секунди, а цената во Германија е „само“ 102.000 евра!

Mercedes-Benz и нивната AMG дивизија морале да бидат застапени, и тоа со новиот E63 AMG. 5.5 литарскиот би-турбо мотор испорачува 525 коњски сили и импресивни 700 Nm, а забрзува до 100 километри на час за 4.3 секунди! Цената e 105.000 евра!

Конечно, тука е и Британскиот претставник во форма на Jaguar XFR. Тој влегува во борба со 5-литарски компресорски мотор, кој воопшто не е за потценување. Тоа значи 510 коњски сили, 625 Nm вртежен момент и забрзување до 100 километри на час за 4.9 секунди. Цената во Велика Британија е околу 65.000 фунти, или 76.000 евра – багатела во споредба со другиве!

Добро, добро, да го видам видеото!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.