Веќе ја видовме премиерата на Subaru BRZ, но денес ќе го видиме премиерно GT300 моделот, кој ќе се бори во истоимената класа.
Моќноста на моторите во оваа класа е ограничена на 300 коњски сили. Скоро сме сигурни дека ова значи дека Subaru ќе оди со своето искуство со турбополначи, и дека BRZ GT300 ќе има верзија на дволитарскиот боксер мотор надополнет со турбополнач.
Но да не зборуваме многу – пуштете го видеото, засилете ги звучниците и уживајте!