И официјално – Subaru BRZ! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

И официјално – Subaru BRZ!

Имаме некое претчувство дека новото спортско купе на Subaru ќе биде многу популарно во Македонија!

Јапонците на големо се спремаат за Токискиот авто салон. Вчера го претставивме првенецот на новата фамилија спортски купеа – Toyota GT86 (а потоа и со видео), а денес ги имаме првите официјални фотографии од вториот брат – Subaru BRZ.

Деталите се исти – 200 коњски сили од 2.0 литарски атмосферски боксер мотор, но сега ја знаеме и тежината – а таа е само 1220 килограми! Тоа се навистина одлични бројки и само ни влеваат повеќе доверба во малото спортско купе.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.