Kimi Raikkonen повторно во F1! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Kimi Raikkonen повторно во F1!

По кратката пауза од F1 (и обидите во NASCAR и WRC), Кими Раиконен се враќа во F1, овој пат како возач за Lotus Renault GP тимот!

Откако си ги проба шансите во NASCAR и WRC, летечкиот Финец се враќа во најскапиот циркус на светот – Formula 1! Кими ќе вози за Lotus Renault GP тимот, и ќе го замени повредениот Роберт Кубица. Му посакуваме многу среќа на Кими и се надеваме дека ќе го видиме во најдобро светло и на подиумот. Тој секако беше еден од најинтересните возачи за следење и се надеваме дека ќе донесе уште повеќе возбуда во F1.

Кими изјави дека е среќен што се враќа во F1, и дека иако неговото време во WRC било корисно, сепак гладта за F1 била преголема. Тој му се заблагодари на тимот за шансата и се надева дека ќе има голем удел во успесите на тимот и кон стигнување до самиот врв.

Со среќа Кими, ќе ти треба!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.