Претставен Porsche 911 Cabriolet – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Претставен Porsche 911 Cabriolet

Само неколку месеци од појавувањето на новата 911-ка, се појави и нејзината кабриолет изведба!

За разлика од своите ривали, Porsche реши да направи мек покрив за новата 911-ка, наместо тврд покрив. Но конструкцијата е од магнезиум и високо-напредни повеќеслојни материјали кои гарантираат одлична изолација и ниска тежина.

За почеток, Porsche 911 Cabriolet ќе се нуди во две изведби – Carrera и Carrera S. Моторите се исти како кај моделот со тврд покрив. 3.4 и 3.8 литри и 350 и 400 коњски сили, соодветно. Исто така ќе се нудат со мануелен или со PDK автоматски менувач, двата со по седум брзини.

Porsche 911 Cabriolet ќе почне со продажба во Март следната година, и цените ќе се движат од 100.000 евра за Carrera, до 114.000 евра за Carrera S верзијата.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.