Дали Lexus ќе не изненади со конкурент на BMW M5, придвижуван од V10 моторот на Lexus LF-А?
Една од гласините кои редовно ги слушаме е дека луксузната гранка на Toyota подготвува конкурент на BMW M5. Тие веќе имаат силен конкурент на обичната 5-ка, но ако успеат да го сместат V10 моторот од Lexus LF-A во луксузната лимузина GS, тогаш навистина ќе имаат сериозен конкурент и на M5.
Гласините најавуваат дека GS ќе го добие V10 моторот, но со намалени моќност и капацитет. Во GS-F (како што некои го нарекуваат потенцијалниот модел) моторот ќе има моќност од околу 450 коњски сили и зафатнина од 4.6 литри.
Што ќе се случи, ќе знаеме наскоро.