WRC 2011: Осма титула за Sebastien Loeb! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

WRC 2011: Осма титула за Sebastien Loeb!

Летечкиот французин повторно ги докажа своите квалитети, овој пат со новиот рекорд – 8 шампионски титули!

Иако малку доцниме со репортажата за резулатите од крајот на светскиот рели шампионат, сепак можеме да му честитаме на Loeb за успехот! Ако до минатата година тој и Михаел Шумахер го делеа пиедесталот за најмногу освоени титули (7), оваа година Loeb го презема водството со најновата титула во WRC!

Но сезонава не беше така лесна како што многумина очекуваа. Новите правила, новите автомобили и новите тимови си го направија своето – па борбата траеше до самиот крај. На стартот на финалното рели – Wales Rally GB – Loeb и Hirvonnen ги двоеа само 8 поени, а во рамките на WRC, тоа навистина не значи ништо.

Сепак, на крајот на рели-викендот, Loeb е повторно таму каде што сме навикнати да го гледаме – на врвот. Тој иако не го заврши релито, тој е сепак на првото место бидејќи ни Хирвонен не го заврши. Хирвонен се откажа на самиот почеток откако го дупна ладилникот на својата Фиеста, а Loeb на последниот ден откако удри во возило кое се движеше во погрешен правец (надвор од брзинските делници). Ова е осма последователна титула за Loeb, првата ја освои во 2004-тата година, а во 2003-тата титулата му избега за само еден поен.

Loeb изјави дека не се планираат многу промени за неговото возило за следната година, а од следната година негов тимски колега ќе биде токму најголемиот соперник оваа година – Mikko Hirvonnen! Sebastian Ogier има најави дека ќе се пресели во Volkswagen или во Ford, a Hirvonnen и неговиот совозач Jarmo Lehtinen ќе му се придружат на Летечкиот Французин.

Во продолжение ви нудиме неколку видеа од последниот рели викенд!

Незгодата на Хирвонен

Збир на судари и незгоди

Незгодата на Sebastien Loeb



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.