Од време на време Lamborghini знае да избега од формулата за погон на сите четири тркала. Ова е такво изненадување!
Познавачите на Италијанската марка со бик на логото веднаш ќе забележи дека кај Lamborghini Gallardo LP550-2 Spyder има нешто невообичаено. Тоа е бројката 2 во името, и означува дека погонот е само на задните тркала!
Секако, ова само го зголемува уживањето во возењето, а бидејќи ова е Spyder варијанта, тогаш уживањето е уште поголемо. Од Lamborghini кажуваат дека „малото“ добива 550 коњски сили од 5.2 литарскиот V10 мотор, и дека забрзува од 0 до 100 километри на час за 4.2 секунди, а дека максималната брзина му е 319 километри на час.
Ние би заокружиле на 320, полесно се помни.