Dacia го претстави новиот Duster пред премиерата во Франкфурт – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Dacia го претстави новиот Duster пред премиерата во Франкфурт

Романскиот производител на буџет-автомобили го претстави новиот Duster само неколку денови пред неговата официјална премиера во Франкфурт!


Од Dacia уште не ги објавуваат деталите околу погонските единици кои ќе се вградуваат во популарниот мал теренец, но можеме да претпоставиме дека ќе се вградуваат добро-познатите турбо-бензински и турбодизел мотори од Renault/Nissan алијансата. Официјалната премиера е закажан за 12ти Септември, и тогаш ќе ги имаме сите детали.

2017 – Nouveau Dacia DUSTER

Во меѓувреме, можеме да го погледнеме новиот дизајн – кој е еволуција на постоечкиот, но модернизиран и затегнат. Особено се интересни задните светлосни групи, а ќе забележите многу различни детали – алуминиумски кровни носачи, 17-инчни тркала, итн.

2017 – Nouveau Dacia DUSTER

Според она што го кажуваат од Dacia, ветробранското стакло е поместено нанапред за 100 милиметри и е поисправено – а тоа ослободува повеќе простор во кабината. Сега за сега нема фотографии од ентериерот – и тие ќе ги добиеме за време на официјалната промоција.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.