ПРЕМИЕРА: Striker е планот на Dacia за иднината на Ц-сегментот – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

ПРЕМИЕРА: Striker е планот на Dacia за иднината на Ц-сегментот

Откако минатата седмица го најави новиот Striker, денес Dacia ги објави првите детали за новиот кросовер кој е долг 4.6 метри и ќе се натпреварува во Ц-сегментот.

Од Dacia кажуваат дека Striker верно ја следи ДНК-та на брендот – и тоа веднаш се препознава преку робустниот, самоуверен дизајн кој презема насоки од Duster, но ги интерпретира за да одговараат на Ц-сегментот. Динамичните линии и самоуверениот преден дел соработуваат со новиот светлосен потпис на Dacia, а истовремено од Dacia дополнуваат дека многу внимание е посветено да дизајнерски детали.

Striker е долг 4.62 метри и според најавите е „мулти-енергетски кросовер кој е комплементарен на Bigster во понудата на Dacia“. Тоа всушност ветува многу простор и врвна практичност. Дополнително, според Dacia, Striker е кросовер кој ја комбинира динамичноста на караван со практичност на просторен хечбек и растојание од подлогата на SUV.

Според најавите, можеме да очекуваме хибридна верзија, како и хибридна верзија со погон на сите четири тркала и изведба со LPG. Според најавите, цените на Striker треба да започнуваат од под 25.000 Евра. Сега за сега немаме фотографии од ентериерот, но можеме да очекуваме директна инспирација од Duster и Bigster.

Striker ќе биде целосно откриен во Јуни, а се очекува да пристигне во салоните во последниот квартал од годинава.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.