full screen background image
Search

Porsche официјално ги претстави новите Cayenne и Cayenne S

Новата генерација на луксузниот германски SUV на почетокот ќе се нуди во две варијанти – Cayenne има 340, а Cayenne S дури 440 коњски сили!

Како што веќе знаеме од фотографиите кои протекоа минатата седмица, дизајнот на новиот Cayenne е повеќе еволуција отколку револуција. Сепак, сега можеме да видиме повеќе детали и поубаво да ја забележиме пониската кровна линија која на Cayenne му дава подинамичен став.

Но веќе знаеме дека поголемите разлики се „под кожата“ и внатре во кабината. Основниот Cayenne ќе доаѓа со 3-литарски турбо-бензински V6 кој испорачува 350 коњски сили и  450 Nm вртежен момент, кои му овозможуваат на големиот SUV да забрза до 100 километри на час за 5.9 секунди (доколку е опремен со Sport Chrono пакетот). Отидете скалило погоре и ќе го добиете Cayenne S кој го носи истиот 2.9-литарски твин-турбо V6 како и Panamera, и располага со 440 коњски сили и 550 Nm вртежен момент. Со овој мотор, забрзувањето до 100 километри на час трае само 4.9 секунди.

Сето ова се должи и на полесната конструкција на новиот Cayenne – новиот модел е до 65 килограми полесен од моделот кој го заменува. Секако, моќта се пренесува кон сите четири тркала, но новиот систем сега овозможува понапредна дистрибуција на моќта. За сопирањето се задолжени новите Porsche Surface Coated сопирачки кои се всушност класични железни сопирачки, но со специјална покривка од тунгстен-карбид. Според Porsche, оваа покривка го зголемува триењето и го намалува трошењето на дисковите.

Autodesk VRED Professional 2016 SP4
Date: 2017/07/19 10:45:34
Simulation time: 19.437
System time: 1.0189e+06
Frame: 0

Во кабината, купувачите ќе ги пречека нов панел со инструменти – централно е поставен мерачот на вртежи кој е аналоген, а на неговата лева и десна страна се поставени два 7-инчни дигитални дисплеи. На централната конзола е поставен голем, 12.3-инчен инфозабавен систем, а може да се искомбинираат и Bose или Burmeister аудио системи. На располагање стојат 770 литри багажен простор, а меѓу другите технологии, новиот Cayenne добива Night Vision Assist, Lane Keeping Assist, Lane Change Assist, Traffic Jam Assist и многу, многу други.

Поврзано:   Оптимизмот се враќа во таборот на Рико!

Секако, гамата на Cayenne нема да застане тука – ќе ги добиеме неизбежните Cayenne Diesel, Cayenne GTS, како и налудничаво-моќните Cayenne Turbo и Turbo S. Дел од гамата ќе биде и хибирдниот Cayenne, кој се очекува да се понуди во две варијанти. Нарачките се веќе започнати.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.