full screen background image
Search

Bosch развива процес за производство на синтетичко, карбон-неутрално гориво!

Технолошкиот гигант во моментов развива процес за производство на синтетичко гориво кое им овозможува на автомобилите со мотори со внатрешно согорување да бидат карбон-неутрални!


Компанијата Bosch – која воедно е и еден од најголемите производители на автомобилски делови и системи во светот – развива процес за произведување на синтетичко гориво. Според анализите на Bosch, доколку ова гориво започне масовно да се користи, на годишно ниво емисијата на CO2 во Европа би можела да се намали за 2.8 гигатони. Bosch во моментов преговара и се надева дека ќе привлече производители кои би го користеле ова гориво во своите возила.

Процесот на Bosch конвертира одредени гасови во материјали кои можат да бидат преработени во бензин, дизел или природен гас. „До неодамна, карбон-неутрални мотори со внатрешно согорување беа возможни само во соништата, но сега може наскоро да станат реалност. Тајната е во синтетички, карбон-неутрални горива чиј што процес за производство лови CO2. Синтетичките горива можат да ги направат воизата на бензин и дизел карбон-неутрални, и со тоа да направат значителен придонес кон ограничувањето на глобалното затоплување.“ – кажа Dr. Volkmar Denner, претседателот на одборот на Bosch GmbH.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.