Сподели! ;)

Кампинг-возилата стануваат сè попопуларни, а California XXL Concept возилото на Volkswagen е ултимативната визија на германскиот бренд за тоа како би можел да функционира вакво возило.


Концептот ќе биде претставен на Caravan Salon Dusseldorf саемот на кампинг возила во Германија. California XXL Concept е инспириран од T6 California, но е специјално доработен за оние кои сакаат да имаат куќа на тркала – и во него ќе добиете сè што ви треба – дури и туш-кабина!

Редизајнираниот Crafter добива повисок кров со специјални вдлабнатини за да ја задржи истата аеродинамична ефикасност како и обичната верзија. Во кабината има простор за кревет долг два метри, предните седишта можат да се завртат за 180 степени а има и мал „кауч“ за другите патници. Во ентериерот има и целосно-функционална кујна со шпорет, фрижидер, работна површина и услови за перење садови. Амбиенталното осветлување нуди комфорна атмосфера, а ролетните нудат тотална приватност.

Сега за сега немаме информации дали California XXL ќе оди во сериско производство, но ќе знаеме повеќе по премиерата на крајот на овој месец.