full screen background image
Search

Откриен новиот Infiniti Prototype 9 Concept пред неговото деби на Pebble Beach

Infiniti објави фотографии од извонредниот Prototype 9 концепт, кој ќе биде официјално претставен на овогодишното издание на Pebble Beach Concours d’Elegance.

Иако го дефинираат модерни и остри линии, концептот генерално влече инспирација од класичните тркачки автомобили и се одликува со минималистички ентериер со рачно-изработени панели на каросеријата, отворена кабина и изложени тркала со дизајн на плетка од жици.

Покрај ретро дизајнот, Prototype 9 е екстремно хај-тек возило бидејќи поседува задно поставена електрична погонска единица базирана на истата која ќе биде поставена во следната генерација на Nissan Leaf. Електричниот мотор произведува 148 кс и 320 Nm вртежен момент кои ја црпат енергијата од батерии од 30 kWh.

Тоа можеби не звучи како многу според денешните стандарди, но земајќи во предвид дека концептот тежи само 890 килограми, автомобилот може да забрза од 0-100 км/ч за помалку од 5.5 секунди и да достигне максимална брзина од 168 км/ч. Втората цифра е малку разочарувачка, а исто така и информацијата дека автомобилот може да издржи само 20 минути акција на тркачка патека.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.