Mercedes-Benz G500 4×4² – Целиот свет нека ви биде забавен парк! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Mercedes-Benz G500 4×4² – Целиот свет нека ви биде забавен парк!

Големиот G500 4×4 е одвоен од подлогата  за цели 450 милиметри, под поклопецот крие 4-литарски би-турбо бензинец кој испорачува 422 коњски сили и е подготвен да се забавува било каде!

Моторот е поврзан со 7-степен 7G-tronic автоматски менувач со посебни контроли за редукторот. Автомобилот има три механички блокади на диференцијалот и сите тие возачот може директно да ги контролира. Благодарение на новите двојниамортизери, возачот може да избере меѓу Comfort и Sport режим на работа. Едниот комплет нуди коненционално дампирање, додека вториот нуди електронски-контролирано нагодување на дампирањето и со тоа се прилагодува на тековното возење.

Благодарение на специјалните оски, G500 4×4² има 450 милиметри дистанца од подлогата – повеќе од двојно од 210-те милиметри кај стандардниот модел, а предниот и задниот траг се проширени за 299 милиметри. Сето ова му овозможува на големиот Mercedes да има агли на пристапување и заминување од 52, односно 54 степени!  Може да се добијат 22-инчни тркала, или пак специјални теренски 18-инчни тркала со специјални гуми. Навистина, целиот свет може да ви биде забавен парк!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.