full screen background image
Search

Премиера: Aston Martin Vulcan – и Aston Martin сака меѓу најбрзите!

Во моментов друштвото на хибридни хипер-автомобили е многу мало – тука играат само McLaren, Porsche и Ferrari – но и Aston Martin сака да и се придружи на оваа екслузивна заедница!

Новиот хипер-автомобил на Aston Martin се вика Vulcan и е наменет исклучиво за тркачите патеки. Направен е врз основата на ексклузивниот One-77 и ја користи досега најмоќната верзија на познатиот 7-литарски атмосферски V12 на компанијата досега – има на располагање преку 800 коњски сили!

Силата се пренесува кон задните тркала преку шест-степен секвенционален менувач, а автомобилот има интегриран диференцијал со ограничено пролизгување. Суспензијата е ориентирана кон возење на тркачките патеки, а за сопирање се задолжени 380-милиметарски карбон-керамички дискови напред и 360-милиметарски позади. Бидејќи ова е возило наменето исклучиво за трки, Aston Martin ќе понуди ексклузивна тренинг-програма за идните сопственици!

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.