Што ако ви се случи сообраќајна незгода во странство? – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Што ако ви се случи сообраќајна незгода во странство?

Бидејќи сезоната на годишни одмори е во полн ек, заедно со WINNER Осигурување Ве советуваме што да направите ако ви се случи сообраќајна незгода во странство!

Секој возач знае дека Зелениот картон е неопходен за патување во странство со автомобил и дека истиот претставува осигурување на автомобилот од потенцијална сообраќајна незгода во странска земја. Но, малкумина од нас знаат каква е процедурата на постапување доколку се случи несакан настан. Затоа, посакувајќи ви мирен и пријатен пат, Винер Осигурување накусо ќе ви ги претстави чекорите за постапување во случај на сообраќајна незгода во странство.

1. Доколку има повредени, прво погрижете се за нив!

2. Обезбедете го местото на незгодата и не го поместувајте возилото. Доколку постојат услови направете фотографии од возилата.

3. Повикајте полиција и по извршениот увид побарајте копија од полициски извештај – записник.

4а. Доколку Вие не сте виновни за незгодата потребно е да ја пријавите штетата во Бирото за зелена карта на земјата во која се случила незгодата. На позадината на зелената карта можете да ги најдете телефоните на Бироата за зелена карта на сите земји. По враќањето во Р. Македонија известете ја Вашата осигурителна компанија за незгодата.

4б. Во случај кога Вие сте виновни за незгодата, копија од зелената карта давате на оштетениот или на полицијата која врши увид. По враќањето во Р. Македонија задолжително ја известувате компанијата која го издала Зелениот Картон, и давате писмена изјава во која објективно го опишувате начинот на кој дошло до незгодата.

5. За помош при пријавување на штетата и остварување на правото на надомест, во одредени земји можете да се обратите и во осигурителните компании со кои Вашата осигурителна компанија  има склучено коресподентски договор. Затоа, не е на одмет да се информирате за кои компании станува збор пред да тргнете на пат.

6. Доколку имате проблеми при целокупната процедура, бидете слободни да се јавите се во Винер Осигурување на телефонскиот број +389 2 15 999 (до 18 часот) и нашите вработени ќе Ве упатат како да постапувате.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.