ПРЕМИЕРА: Новиот Volkswagen T-Roc R има 333 коњски сили! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

ПРЕМИЕРА: Новиот Volkswagen T-Roc R има 333 коњски сили!

Како Golf R, ама повисок! Новиот T-Roc R комбинира возачка динамика на класичен хот-хеч со практичност на кросовер.

Како што знаеме, новата генерација на T-Roc сè уште ја користи MQB платформата од претходникот, но добива надграден хардвер за уште подобри перформанси.

2-литарскиот турбо-бензинец има и 48-волтен хибриден систем во комбинација со нов електрично задвижуван компресор и турбокомпресор со променлива геометрија.

Сето тоа значи дека максималната моќност е 333 коњски сили и 420 Nm вртежен момент, при што максималниот вртежен момент се постигнува порано – веќе од 1900 вртежи во минута.

Благодарение на сето тоа, но и погонот на сите четири тркала, T-Roc R забрзува до 100 километри на час за рамно 5 секунди, додека максималната брзина е електронски ограничена на 250 километри на час.

Дополнително, воведена е функцијата Motorsport start, која при активирање ги зголемува вртежите и нуди понагласен звук при стартување.

Надворешноста добива специфични R детали и затемнети задни светлосни групи, додека внатрешноста ги следи најновите дигитални интерфејси на брендот со поголем екран, безжичен полнач и нов волан со посебно копче за брзо активирање на спортските режими на возење.



Автомобилски ентузијаст преку ден, DJ преку ноќ!