Citroen најавува нов 2CV! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Citroen најавува нов 2CV!

Да, Citroen го враќа легендарниот „Спачек“ – и тоа во форма на мал, достапен електричен автомобил со ретро-инспириран стајлинг!

Да бидеме искрени – легендарниот 2CV е можеби најпрепознатливиот модел на Citroen во историјата – и францускиот бренд одлучи да погледне кон своето минато за да добие инспирација за иднината. Па да, 2CV се враќа!

Според неофицијалните најави, 2CV ќе биде електричен градски автомобил, кој се очекува да биде меѓу најдостапните вакви автомобили на пазарот. Но она кое го гледаме на фотографиите е навистина интересено – сега за сега немаме фотографии од целиот автомобил, но имаме детали – и деталите изгледаат одлично и веднаш се препознаваат деталите од легендарниот 2CV.

И сето ова навистина ветува многу. Од една страна, Citroen го следи ретро-духот на 2CV и во поголемите, но и во помалите детали. Истовремено, во најавата дека 2CV ќе биде достапен електричен автомобил се крие и желбата на 2CV повторно да ја демократизира мобилноста, како што направи со оригиналниот 2CV пред скоро 80 години. Ајде!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.