Започна со работа новиот pop-up салон на BYD во центарот на Скопје! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Започна со работа новиот pop-up салон на BYD во центарот на Скопје!

Во центарот на Скопје започна со работа новиот pop-up салон на BYD, каде можете одблиску да ги погледнете автомобилите на кинескиот гигант.

По официјалното лансирање на брендот минатата недела, сега започна со работа и првиот салон на BYD во Македонија.

Новиот, мал pop-up салон на BYD е интересен новитет во центарот на главниот град. Како дел од KAM Mall, pop-up салонот на BYD е несекојдневен новитет во центарот на Скопје, особено ако ја земеме предвид автомобилската индустрија.

Во салонот на BYD, не само што можете да ги погледнете автомобилите на кинескиот гигант, туку можете и подобро да се запознаете со нив, но и да направите тест возење. Во моментов се изложени плаг-ин хибридните BYD Seal U DM-i, BYD Seal 6 DM-i, BYD Atto 2 DM-i и електричниот BYD Dolphin Surf.

Како што напоменавме, салонот е дел од KAM Mall, односно веднаш до Diamond Mall, спроти Nomad.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.