Volvo Cars објави дека Klaus Zellmer ќе застане на челото на компанијата во следната година. Наследникот на Hakan Samuelsson ќе дојде од водечката позиција во Skoda, каде е веќе нешто повеќе од четири години.
Договорот на Hakan Samuelsson истекува во Април следната година, а Klaus Zellmer ќе дојде на позицијата не подоцна од 1ви Октомври 2027. Ова е интересна (и би рекле, навистина неочекувана) промена. Volvo најави 13 нови модели меѓу сега и 2030, но очигледно тие ќе пристигнат под раководство на сосем нов човек. Zellmer ќе има вистински предизвик пред себе – неговата задача ќе биде да ги подобри нештата во Volvo, бренд со огромно, богато и вредно наследство.
Планот на Volvo е да се дуплира пазарниот удел до 2030 – а со оглед на непредвидливиот пазар во САД (поради денес-ми-дојде-вака тарифите на Трамп) и падот на продажбата во Кина, тоа е вистински предизвик.




