Opel забрзано ја подготвува спортската Corsa GSE! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Opel забрзано ја подготвува спортската Corsa GSE!

Новата Corsa GSE ќе биде достапна за нарачка во текот на годинава, а Opel ги привршува тестирањата на електричниот хот хеч!

Сепак, сè уште има време до официјалното претставување на најспортската верзија на најпродаваниот мал автомобил во Германија. И токму затоа, новата Opel Corsa GSE сè уште е камуфлирана. Плус, сите сите возбудливи дизајнерски детали не треба да бидат откриени однапред. Истовремено, специфичната спортска обвивка на надворешноста е многу повеќе од практична маска – таа оддава почит на спортските верзии на Corsa A од 1980-тите, интерпретирано со модерни детали.

„Со камуфлажата на новата Corsa GSE го комбинираме класичниот дизајн со возбудлив, модерен изглед кој го нагласува духот на нашите GSE модели“ – изјави Andreas Kubis, кој е одговорен за камуфлирање на протоиповите и претсериските возила на Opel. „Се разбира, главната цел на камуфлажата е да се спречи откривање на сите детали од новиот модел предвреме“ – објасни тој. „Со Corsa GSE, сепак, веднаш ни беше јасно дека оваа камуфлажа треба да пренесува порака. Спортскиот дизајн со црни, бели и жолти акценти го разгорува интересот за овој спортски хечбек, а истовремено оддава почит на моторспортското наследство на Opel.“ – изјави Andreas.

Од Opel додаваат дека GSE означува возбуда, брзина и електрични емоции. Новата Corsa GSE е дизајнирана да го отелотвори сето тоа – и тоа не само во финалната сериска верзија, туку уште од прв поглед како прототип. Дури и мат црната основна боја на обвивката ги пренесува перформансите на возилото. Големите жолти и бели ленти, заедно со GSE ознаката, несомнено најавуваат нов спортски хечбек. Лентите се распоредени да личат на спортски шаховски мотив, дополнети со бели и жолти испрекинати двојни линии кои изгледаат како внимателно зашиени шeвови.

Со оглед на тоа колку нè импресионираше Mokka GSE која ја возевме минатата година во Мадрид, имаме големи очекувања за Corsa GSE.

Поврзано:  Освежената Opel Astra го задржува дизелот, познати се и македонските цени!


Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.