BJ40 Pro е голем и робустен теренец наменет за вистински оф-роуд предизвици – и од денес е дел од понудата на BAIC во Македонија.
Од BAIC кажуваат дека BJ40 Pro е совршен спој на сурови теренски способности и секојдневна висока елеганција – и на прв поглед, навистина ветува многу. Поставен на конвенционална шасија и со можност за блокада на диференцијалите, BJ40 Pro ветува навистина добри теренски способности. Придвижуван е од 2-литарски турбодизел кој испорачува 163 коњски сили и 385 Nm вртежен момент, кои пак ги испорачува кон сите четири тркала.
На прв поглед, дизајнот е самоуверен, со нагласени теренски елементи. Детал кој навистина ни се допадна? Вратите без рамки – нешто што е реткост во овој сегмент.
Во кабината забележавме навистина многу опрема и многу современи технологии – плус, има дури 11 различни режими на возење.
BJ40 Pro е веќе изложен во салонот на BAIC, во рамките на Цилаз во Скопје. Цената е 41.900 Евра, а наскоро би требало да пристигне и на тест па ќе ги пренесеме нашите впечатоци.





















