Новиот Dacia Striker ќе биде официјално претставен на 10-ти Март и најверојатно ќе биде практичен и просторен караван од Ц-Сегментот.
Dacia го продолжува именувањето на моделите кои завршуваат на -er. По Jogger, Duster и Bigster, пристигнува Striker. Кажуваат дека името влече инспирација од 80-тите години од минатиот век и ја истакнува силата и прецизноста на „страјкот“ – ударот од куглањето во кој се буткаат сите кегли и се менува играта.
Striker ќе биде поставен на CMF-B архитектурата на Renault Групацијата, која пак овозможува погон на предните или на сите четири тркала, како и неколку различни моторни опции. Можеме да очекуваме конвенционален турбо-бензинец, некаква хибридна конфигурација како и можност за LPG која останува популарна кај моделите на Dacia.
Секако, повеќе детали ќе имаме следниот вторник.



