C63 ќе биде заменет од нов C53, кој ќе го користи 3-литарскиот мотор од купето CLE53.
Заменскиот 3-литарски турбо-бензински мотор со шест цилиндри е споен со деветстепен автоматски менувач и погон на сите тркала и истиот се очекува да дебитира во новиот C53 во втората половина од 2026 година.
Официјално, замената доаѓа поради новите ЕУ7 норми, но неофицијално, главната причина е слабата заинтересираност на купувачите и ниските бројки на продажба на моделот.
Последниот C63 претставуваше голема промена од своите претходници. Тој доаѓаше со 2-литарски четири-цилиндерски плаг-ин хибрид кој произведуваше 671 коњски сили и 1020 Nm вртежен момент. И покрај импресивните бројки, автомобилот тешко ги освојуваше лојалните купувачи на AMG, најмногу поради додадената тежина и пригушениот звук.





