Минатиот месец италијанската полиција објави дека добива Urus Performante, а сега истото го прави и полицијата во Дубаи.
Во поглед на модификациите, надворешните промени се релативно мали. Тие вклучуваат зелена и бела боја, полициски логоа, тенки светлосни знаци и секако – полициска сирена. Во внатрешноста, возилото е опремено со оклопна кутија за оружје, кабинет за складирање на сервисна опрема и дефибрилатор.
Врховениот командант на полицијата во Дубаи, генерал-мајор Ахмед Мохамед бин Тани, рече дека „Urus Performante ќе ја поддржи полицијата во Дубаи во нивната посветеност да им служи подобро на жителите, да ја одржува безбедноста и да обезбедува услуги во популарните туристички дестинации. ”
Моделот е повеќе од доволно опремен за да ја врши полициската работа. Тој располага со твин-турбо 4-литарски V8 кој испорачува 657 коњски сили и забрзува од 0 до 100 км/ч за 3,3 секунди, односно достигнува максимална брзина до 306 км/ч.