Новиот Porsche Macan ќе дебитира на 25 Јануари! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Новиот Porsche Macan ќе дебитира на 25 Јануари!

Porsche привршува со тестирањето на новиот електричен Macan – целосно-новиот SUV на германскиот производител ќе дебитира на 25-ти Јануари!

Новиот Macan е првиот модел на Porsche модел изграден на новата Premium Platform Electric (PPE) платформа. Macan е целосно развиен „од нула“ а процесот на тестирање цели да обезбеди совршена координација на сите компоненти и системи. Porsche дава голема важност на тестирањето во вистинскиот свет, но истовремено симулациите во виртуелниот свет и тунелите за аеродинамика стануваат сè попрецизни и имаат сѐ поважна улога.

„Ги покривме сите температурни распони – од минус 30 во Скандинавија па сè до плус 50 Целзиусови во Долината на Смртта во Калифорнија“ – изјави Jorg Kerner од Porsche кој е одговорен за производството на Macan. Тој додава – „Секако, новиот SUV мора да функционира на било која површина – па затоа го тестиравме на патишта, но и оф-роуд, на камења, на снег и на на мраз.“ Електричниот Macan добива погон на сите четири тркала кој е наклонет кон задната оска и треба секогаш да биде беспрекорен. Во врвната варијанта, Macan ќе има повеќе од 600 коњски сили и повеќе од 1000 Nm – и токму затоа системите мораат идеално да ја дистрибуираат моќта.

Инженерите на Porsche посветиле многу внимание и на аеродинамиката на новиот Cayman. Со сето внимание и инженерска експертиза, Macan има коефициент на отпорот од само 0.25 – огромно подобрување од вредноста 0.35 на тековниот Macan. Сето тоа најавува дека Macan ќе биде супер-ефикасен, а Porsche најавува автономија од над 500 километри (според WLTP) за сите варијанти.

Кога сме кај ефикасноста и досегот – Macan добива литиум-јонска батерија со капацитет од 100 kWh, односно достапни 95 kWh. 800-волтната PPE архитектура овозможува полнење со максимална моќност од 270 kW, односно од 10 до 80% за помалку од 22 минути, како и AC полнење со максимални 11 kW.

Поврзано:   ПРЕМИЕРА: Porsche Cayenne GTS напаѓа со 4-литарски твин-турбо V8 и 500 коњски сили!

Porsche веќе потврди дека новиот, целосно-електричен Macan ќе дебитира на 25ти Јануари.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.