ПРЕМИЕРА: Audi Grandsphere Concept го најавува идниот А8! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

ПРЕМИЕРА: Audi Grandsphere Concept го најавува идниот А8!

Audi го претстави Grandsphere концептот, со кој најавува како ќе изгледа лукусзниот седан на идината од Инголштад.

Grandsphere е голем, голем електричен седан со кој Audi го најавува наследникот на луксузниот А8. А тоа значи спектакуларен дизајн, врвни технологии и многу, многу моќ. Audi веќе го претстави Skysphere концептот кој најави можност за електрично купе со прилагодливо меѓуоскино растојание, а Grandspherе е нешто поинакво – според Audi, би требало да го пренесе луксузот од лет со прва класа.

Токму затоа, главниот фокус е даден на ентериерот. Според Audi, Grandsphere не е само автомобил, туку е Experience Device. Токму затоа, главниот фокус е даден на предните седишта, а задната клупа е повеќе… За деца. А ако прашате „зошто, па нели на задните седишта би требало да седи богатиот купувач?“ – одговорот е бидејќи Grandsphere е целосно-автономно возило, со можност за рачно управување. Меѓу предните седишта дури има и мал ладилник!

Кога Grandsphere e во автономен режим, управувачот и педалите се скриени, а нагласена е желбата Grandsphere да понуди дигитален екосистем – на пример, ако сте читале нешто на вашиот телефон пред да влезете во автомобилот, Grandsphere автоматски ќе го препознае тоа и ќе ги проектира содржините во ентериерот. Воздухот е филтриран, а Grandsphere автоматски ги препознава патниците и им ги отвора вратите. Содржините не се прикажуваат на екрани, туку се проектираат на соодветни дрвени површини. Grandsphere користи нови MMI Touchless Response систем за интеракција – системот следи движења на рацете на патниците, како и нивните очи за да овозможи непречена интеграција и комуникација.

Поврзано:  ПРЕМИЕРА: Рафиниран и луксузен - ова е новиот Audi A6

Дизајнот е  – во најмала рака – спектакуларен. Од Audi го опишуваат како динамичен монолит – меѓуоскиното растојание е поголемо од она кај тековниот A8, а Grandsphere е цели 5 сантиметри подолг од A8. Силуетата е ниска и купеовска, со одмерени детали, тенки светлосни елементи и големи, 23-инчни тркала.

Grandsphere користи два електромотори кои нудат вкупно 710 коњски сили. Напојувањето доаѓа од огромна батерија со капацитет од 120 kW, која овозможува автономија од 750 километри со едно полнење. Концептот е поставен на платформа која ќе оди во сериско производство – платформата се вика PPE, а на неа ќе бвиде поставени новиот А6 E-Tron, како и новиот електричен Porsche Macan.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.