ПРЕМИЕРА: Електричниот Audi A6 e-tron Concept поминува 700 километри со полни батерии! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

ПРЕМИЕРА: Електричниот Audi A6 e-tron Concept поминува 700 километри со полни батерии!

Откако ги видовме првите протечени фотографии, денес ги имаме сите детали за новиот електричен седан на Audi.

Интересно, концептот е всушност своевиден Sportback со петта врата, какви што се Audi A5 Sportback и A7 Sportback. Концептот е супер-секси автомобил со многу модерни детали – од футуристичкиот дизајн, преку страничните ретровизори кои се заменети со камери, како и отстратените рачки на вратите – Audi воведува многу интересни нови концепти и технички решенија.

Друг интересен детал се и супер-тенките Matrix LED предни светла, како и OLED светлосните елементи на задниот дел. Според Audi, овие технологии овозможуваат „бесконечно прилагодување на светлосниот потпис“.

Инаку, концептот е поставен на новата Premium Platform Electric платформа која е заеднички развиена од страна на Audi и Porsche. Концептот е придвижуван од два електромотори кои имаат вкупна системска моќност од 470 коњски сили, како и инстантно-достапни 800 Nm вртежен момент.

Сето ова овозможуваа катапултирање до 100 километри на час за помалку од 4 секунди. Секако, концептот има и напреден Quattro систем за погон на сите четири тркала, како и воздушна суспензија, како и голема батерија со капацитет од 100 kWh која овозможува автономија од импресивни 700 километри според строгите WLTP тестирања.

Системот за полнење овозможува користење на брзи полначи со максимална моќнот до 270 kW, а тоа би значело 300 километри автономија за само 10 минути полнење, односно полнење од 5 до 80% за само 25 минути.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.