full screen background image
Search

Драма на Ф1 трката во Имола

На вчерашната трка на Ф1 на автодромот Имола, Макс Верстапен извојува беспрекорна победа тргнувајќи од третото место на стартната рамнина.

Стартот беше како од школските учебници каде во првите 2-3 секунди успеа да придобие цели 2 места од третото на првото место. Хамилтон успеа да го обезбеди второто место. Ландо Норис од друга страна успеа да ги сочува своите меки пневматици до крајот на трката и со тоа се качи на третото место на подиумот.

Неверојатно тешката патека, зачинета со дожд ја направи вчерашната трка неверојатно интересна. Дури на моменти и премногу акција, да не можат гледачите да здивнат. За возачите пак незамисливо тешки услови. Суви делови со енормно држење, додека на само неколку центиметри влажна патека налик лизгалиште. но и високи банкини и силно казнувани излегувања од патеката.

Хамилтон не успеа да ја задржи контролата над својот болид и излета во песок и го скрши предниот спојлер. Среќата многу го послужи да успее да најде тракција со помош на рикверц брзина, и со тоа пак да се врати на патеката. Но, секако кругови назад зад возачите на најбрзите позиции. Во меѓувреме Ботас и Расел имаа судир и излетаа од патеката оставајќи море од ѓубре на истата – сето тоа на среќа на Хамилтон, бидејќи мораше да се рестартира трката и со тоа тој доби еден круг гратис и шанса да се бори за подиумот.

Норис и покрај тоа што беше казнет неколку секунди, се одлучи за меки пневматици за да може да надокнади дел од загубата, и некако да издржи до крајот со нив. Како што бевме сведоци одличното возење го донесе до второто место, но во последните кругови беше престигнат заради драстичниот пад на перформансите на пневматикот и на подиумот се икачи на третото место, наместо на втотото. Останатите возачи до десетото место завршија согласно табелата подолу.

  1. Max Verstappen, Red Bull
  2. Lewis Hamilton, Mercedes
  3. Lando Norris, McLaren
  4. Charles Leclerc, Ferrari
  5. Carlos Sainz, Ferrari
  6. Daniel Ricciardo, McLaren
  7. Pierre Gasly, AlphaTauri
  8. Lance Stroll, Aston Martin*
  9. Esteban Ocon, Alpine
  10. Fernando Alonso, Alpine

Автор: Дејан Маликовски



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.