Надградбите пристигнуваат директно од одделот BMW M Performance Parts и на линијата и даваат уште поспортски и поагресивен изглед.
Ние веќе имавме можност да го погледнеме новиот X5, а BMW претстави нови M Performance Parts за уште поагресивен лик.
На предниот дел, купувачите можат да изберат карбонски решетки на предната маска, како и преден сплитер изработен од истиот лесен материјал.
На задната страна, достапен е спојлер во сјајно црна боја и карбонски аеродинамички елементи кои се поставени од двете страни на дифузорот.
Понудата ја заокружуваат алуминиумските бандажи со димензии од 21 до 23 инчи, како и посебниот издувен систем. Тој е дизајниран за верзијата со V8 мотор, но поради строгите регулативи за бучава и емисија, истиот ќе се нуди исклучиво надвор од Европа.
Покрај горенаведените механички и аеродинамички компоненти, моделот може да се опреми и со разни графички елементи за екстериерот. Во внатрешноста се забележуваат M Performance заштитни прагови на вратите и специјални украсни патосници.
За сопствениците на кои им е потребен дополнителен простор за багаж, на располагање е серија аеродинамични кровни кутии кои доаѓаат во три големини – 350, 450 и 550 литри.
Дополнително, достапни се држачи за скии, сноуборд и велосипеди како и практични додатоци за задниот дел од внатрешноста.



















