Колку електрични возила има во Македонија? – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Колку електрични возила има во Македонија?

„Хејтерите“ можат да одат со главата во ѕид колку и да сакаат, но вистината е дека дури и во Македонија електричните возила земаат сè поголем замав.

Неодамна пишувавме дека расте продажбата на електрични возила (ЕВ) во Европа и дека секој петти продаден автомобил на стариот континент е електричен. А каква е ситуацијата кај нас?

Во ред, вистината е дека сме навистина многу далеку од таков огромен удел, но има и една друга реалност – дека бројката на електрични возила во Македонија е во континуиран раст.

Според Државниот Завод за Статистика, во 2023 во Македонија биле регистрирани вкупно 561 електричен патнички автомобил. На крајот на 2024, таа бројка неколкукратно пораснала на 1507 електрични автомобили, за на крајот на 2025 бројката да изнесува 2047 електрични патнички автомобили и дури 543 електрични моторцикли.

Најмногу ЕВ се регистрирани во Скопје – дури 1229, од кои 475 во општина Центар. Интересни се и резултатите за другите градови – во Штип се регистрирани 89, во Велес 68, во Битола 63 електрични автомобили.

Дополнително до крајот на 2025 се регистрирани и 11 електрични автобуси и 40 електрични товарни автомобили.

Би било интересно да видиме каква е ситуацијата со хибридни возила, односно каков е уделот на конвенционални хибриди и плаг-ин хибридни автомобили. ДЗС дава статистика дека во Македонија до крајот на 2025 биле регистрирани 7400 хибридни патнички автомобили, но нема информации за каков вид на хибриден систем се работи. Ако се бројат само плаг-ин хибридните автомобили – тоа е веќе навистина импресивно.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.