OMG, GSE оди на тркачките патеки – Opel се вклучува во Formula E! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

OMG, GSE оди на тркачките патеки – Opel се вклучува во Formula E!

Со стартот на следната сезона новиот Opel GSE Formula E Team ќе се натпреварува во светскиот Formula E шампионат!

Opel се подготвува да започне ново поглавје во својата моторспорт историја – од следната сезона, германскиот бренд ќе се натпреварува во ABB FIA Formula E Светскиот Шампионат.

Новооформениот Opel GSE Formula E Team е доказ за посветеноста на брендот кон електричниот моторспорт (да не заборавиме дека Opel веќе има сопствен one-make шампионат со Corsa GSE и Mokka GSE Rally), но истовремено ќе ги истакне своите целосно електрични GSE модели. Веќе добро ја познаваме Mokka GSE која ја возевме на тркачката патека Jarama близу Мадрид, местото каде сосем случајно (или не) Opel го објави своето учество во Formula E, a германскиот бренд неодамна ја најави и Corsa GSE.

Инаку, Opel не е првиот бренд на Stellantis кој ќе учествува во Formula E. Од оваа сезона веќе се натпреварува и Citroen и тимот веќе има и една победа – Nick Cassidy победи во болидот на Citroen на трката во Мексико Сити, а DS учествува веќе 10 години и има четири титули во своето портфолио. Изненадувачки, DS објави дека ќе се повлече од Formula E на крајот на оваа сезона.

Воведувањето на новите GEN4 болиди од следната сезона е одлично време за Opel да го искористи искуството од електричните Corsa и Mokka GSE. GEN4 болидите се навистина моќни – максимално ќе испорачуваат до 816 коњски сили, односно цели 340 коњски сили повеќе од претходно. Возилата имаат и перманентен погон на сите четири тркала, што ќе овозможи уште подобро држење на патеката – а со тоа возењето ќе биде уште побрзо и поинтересно.

Поврзано:  Започна гласањето за Златно Тркало 2026!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.