Регулаторната Комисија за Енергетика ги објави новите цени на горивата во кои е пресметана новата, пониска стапка на ДДВ.
Вчерашната одлука на Владата за намалување на стапката на ДДВ за горивата од 18% на 10% има свое влијание и на цените на горивата.
Регулаторната Комисија за Енергетика ги објави новите цени на горивата кои стапуваат на сила вечерва на полноќ. ЕУРОСУПЕР-95 и ЕУРОСУПЕР-98 ќе се продаваат по цена од 86.50, односно 88.50 денари за литар – цената на 95-октанскиот бензин не се менува, додека 98-октанскиот дури и поевтинува за еден денар во однос на цените дефинирани минатиот понеделник.
Цената на ЕУРОДИЗЕЛ горивото се зголемува на 95.5 денари на литар, што е зголемување за 3.5 денари во однос на сегашните цени.
Интересно е што со најновите измени на правилникот, РКЕ повторно ја отвори можноста за дневна корекција на цените, наместо секој понеделник. Со ова многу попрецизно би се следеле глобалните трендови и би се избегнале драстични ценовни поместувања.
Новите цени стапуваат на сила вечерва на полноќ.



